Организацијата на настан е уметност што бара визија, искуство и енергија – а ние ги имаме сите три.
Во DIGI MEDIA, ги планираме, осмислуваме и реализираме настани што се паметат – од корпоративни промоции и активирања, до детски и семејни манифестации.

Нашиот најпознат проект, МОЛЕРС ШАМПИОНИ, веќе традиционално се одржува во Градски Парк во Скопје и секоја година собира стотици деца и родители во позитивна атмосфера.
Се грижиме за секој детал – концепт, продукција, промоција и изведба на лице место. Со нашата организација, вашиот настан станува искуство што ја раскажува вашата приказна во живо.






