DIGI MEDIA – Креативна енергија во движење
Основана во 2011 година, DIGI MEDIA е една од првите модерни дигитални агенции во Македонија, со јасна мисија – да создава квалитетна, иновативна и забавна содржина што инспирира.
Нашата приказна започна со ХИТ ПОРТАЛ, еден од првите забавни веб-сајтови во земјата, и со РАДИО ХИТ МАКЕДОНИЈА – првото македонско интернет радио. Од тогаш, континуирано растеме и се развиваме во повеќе насоки на дигиталната и медиумската индустрија.
Денес, DIGI MEDIA опфаќа неколку поврзани платформи и брендови:
- ХИТ ПОРТАЛ – забавен сајт со нови информации за познатите, мода, здравје, убавина…
- ХИТ КУЈНА – кулинарски сајт со голем број на најразлични рецепти
- РАДИО ХИТ – прво интернет радио со 24 часа хитовска музика
- ДИГИ ТВ – дигитален портал посветен на најновите вести, технологии и иновации
- ONE TAP – дигитални бизнис картички и стикери
Во рамките на нашата аудио и видео продукција, нудиме целосни решенија за снимање, монтажa и продукција на ТВ емисии, реклами, џинглови и voiceover содржини. Располагаме со сопствено професионално студио, со хрома позадина и сценографија за снимање, фотографирање и поткаст продукции.
Дел од нашите ТВ проекти се:
- Детска емисија „Мини Вести“,
- Техно-дигиталното шоу „Диги Плус“,
- Тинејџерското реално шоу „Мисија Полуматура“, кое привлече големо внимание кај младата публика.
Покрај продукцијата, DIGI MEDIA е активна и во областа на дигиталниот маркетинг. Нудиме изработка на кратки видеа, AI дизајни, креативен визуелен контент и целосно управување со социјални профили. Нашиот тим следи трендови и користи современи алатки за да им помогне на клиентите да изградат препознатлив дигитален идентитет.
Како креативна агенција, имаме искуство и во организација на настани, меѓу кои се издвојува традиционалниот МОЛЕРС ШАМПИОНИ – годишен детски настан во Градски Парк кој го осмислуваме и реализираме од почеток до крај.
Нашите дејности ги обединуваат четири главни сегменти:
🎧 Аудио продукција
🎬 Видео продукција
💻 Дигитални услуги
🎉 Ивент менаџмент
Горди сме на нашата долгогодишна соработка со реномирани брендови како Уни Банка, Jysk, One Tap, Анхоч, Молерс, Bubchen, Swisslion, Natura Therapy, Elit Café, Makita , Кожувчанка и многу други, за кои создадовме бројни аудио и видео кампањи.
Со повеќе од една деценија искуство, модерна визија и посветен тим, DIGI MEDIA продолжува да создава содржини што инспирираат, информираат и забавуваат.
Придружете ни се и вие!






